Friday, May 17, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПарис Сен Жермен го доведува Мурињо?

Парис Сен Жермен го доведува Мурињо?

Според пишувањата на одредени англиски медиуми, францускиот клуб Парис Сен Жермен на лето ќе се обиде да го ангажира поранешниот тренер на Челси Жосе Мурињо. Според овие шпекулации, сопственикот на клубот Насер Ал-Келафи веднаш после елиминацијата на Парис Сен Жермен од Лигата на шампионите, барал да се започнат преговори со Мурињо околу негово превземање на клубот.

Тој наводно бил многу незадоволен бидејќи клубот под водство на Лорен Блан неможе да направи чекор напред на европската сцена. Познато е дека Мурињо е пријател со Ал-Келафи, кој веќе два пати се обиде да го ангажра Португалецот, но без успех. Сопственикот на ПСЖ смета дека Мурињо е вистинскиот тренер со кој тие би можеле да ја нападнат титулата во Лигата на шампионите. Мурињо тоа натпреварување го освои со Порто и Интер, а е без работа уште од декември кога доби отказ во Челси.