Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМедиумите шпекулираат, Мурињо ќе го доведе Иско?

Медиумите шпекулираат, Мурињо ќе го доведе Иско?

Доста шпекулации денес кога се трансферите во прашање. Денес се шпекулира дека шпанскиот фудбалер кој настапува за Реал Мадрид не е во првите планови на Зинедин Зидан, па се смета дека Флорентино Перез би сакалда го продаде за да заработи. Иско единствениот настап оваа сезона го забележи против Севиља во рамките на Суперкупот на Европа.

Англиските медиуми преенсуваат дека на Мурињо му е потребен плејмејкер за да го замени Руни во првиот тим, а дека Иско е една од можните опции кои се споменуваат. Се верува дека Мурињо во јануари ќе испрати понуда вредна 30 милиони евра за траснфер на Иско, а ќе видиме дали таа сума на пари ќе биде доволна да го убеди Перез да го пушти во Јунајтед.