Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБројките не лажат, на Мурињо ова му се нема случено 14 години!

Бројките не лажат, на Мурињо ова му се нема случено 14 години!

Португалецот повторно се најде на удар на критики во англиската јавност. Овој пат причина за тоа беше третиот по ред пораз на Манчестер Јунајтед, кој овој пат, после поразите од Сити и Фејнорд, беше поразен и од Вотфорд на гостински терен 3:1. Звучи неверојатно, но Мурињо последен пат врза три порази во низа во една сезона во далечната 2002 година и тоа кога ја водеше португалската Леирија!

Мурињо очигледно се наоѓа во криза, минатата сезона во Челзи беше најлоша во неговата кариера, направи шестмесечна пауза, го презема Манчестер Јунајтед, а после одличниот почеток, следеше шок и три порази во низа. Уште еден податок укажува на тоа дека Мурињо е во сериозна криза, а тоа е фактот дека тој со овој пораз дојде до бројката од 16 загубени натпревари.

Имено, тој 16 порази доживеа на своите 34 последни средби, а претходниот пат за толкав неуспех му беа потребни дури три пати повеќе, 111 натпревари. Мурињо дефинитвно ќе мора да продолжи да работи напорно и да донесува подобри одлуки.