Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПапата заминува од Лезбос со 10 бегалци

Папата заминува од Лезбос со 10 бегалци

Папата Франциск понудил да земе 10 бегалци со него во Италија за време на историската посета на грчкиот остров Лезбос, што се смета за храбар гест на солидарност со мигрантите чиј прилив ја разниша европската политика. Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека на 8 Сиријци и 2 Авганистанци ќе им биде понудено заминување. Вклучувањето на Авганистанците е многу симболичен потег, откако ЕУ престана да ги смета граѓаните од оваа земја како бегалци и не им ги одобрува барањата за азил.

Папата ручаше во бегалскиот центар на островот, кој е претворен во притворен центар, како дел од договорот меѓу ЕУ и Турција, а целокупната негова посета беше проследена со многу емоции. Грчките медиуми пренесуваат дека мало детенце му дало писмо за роднините во Италија, додека бегалците барале благослов.

Ватикан соопшти дека посетата на папата на Лезбос е од чисто хуманитарна и верска природа и нема намера да биде политичка или критичка за политиките на ЕУ.