Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитриевски до ВМРО-ДПМНЕ: Стратегијата за бегалци е ваша!

Димитриевски до ВМРО-ДПМНЕ: Стратегијата за бегалци е ваша!

На маратонската седница за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски, една од најексплоатираните теми од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е дека власта не сака да расправа за „Стратегијата за бегалци“.

Пратеникот од Куманово, Максим Димитриевски ги потсетува, како што вели, колегите од ВМРО-ДПМНЕ дека токму тие во Отчетот за сработеното од 2015 година, предвиделе изградба на прифатни центри за лица со признаено право на азил, здравствена заштита како и граѓаните на РМ, сместување и исхрана. За овие лица ВМРО-ДПМНЕ предвиделе и активни мерки за вработување, стручно усовршување, електронски здравствени картички, како и рана интеграција на децата од предучилишна возраст. Во планот ВМРО-ДПМНЕ навеле и изградба на 20 станбени единици за лица со признаено право на азил во село Визбегово.

„Во текот на маратонската расправа за смена на Зврлевски колегите од ВМРО-ДПМНЕ манипулираат и спинуваат со “Стратегијата за бегалци”.

Еве за потсетување кој ја донесе таа Стратегија и кој ја изготви новата во 2016г (Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ од 2015г.).

До кога ќе манипулирате со јавноста?

Како и да е, ние ќе се соочиме подготвени со сите идни предизвици и од овој вид.

Вашата непродуктивна дебата и го троши драгоценото време на државата да се стави во функција на народот и да расчисти со криминалот, тоа одолговлекување нема да амнестира никој!“ напиша Димитриевски на неговиот Фејсбук профил.