Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПапата Франциск со осуда за бомбашките напади врз христијани во Египет

Папата Франциск со осуда за бомбашките напади врз христијани во Египет

Папата Франциск во неделата на миса на плоштадот Свети Петар ги осуди нападот врз христијанска црква во Египет, во кој загинаа 25 лица а над 70 се повредени, пренесуваат светските агенции.

Папата во молитва побарал „да се променат срцата на оние кои шират насилство, терор и смрт“.

Нападот на црквата во градот Тант е последен во серијата напади над христијанското малцинство во Египет, кое сочинува 10 проценти од населението на земјата, и е честа мета на екстремистите .

Неколку часа по првата експлозија, следела уште една во црква во Александрија, каде исто така има повредени.

Извор: makfax.com.mk