Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСоветот за етика во медиумите ги осудува физичките пресметки меѓу новинарите

Советот за етика во медиумите ги осудува физичките пресметки меѓу новинарите

Советот за етика во медиумите најостро ги осудува сите облици на физички пресметки во кои се инволвирани новинари и апелира на воздржаност и смирени реакции на какви било провокации од кој и да е центар на моќ, групации или поединци.

Во соопштението наведуваат дека новинарите се должни да ги почитуваат вредностите на својата професија, да не поттикнуваат насилство ниту со своето пишување, ниту со своето однесување и никогаш да не заборават дека нивното најсилно оружје е зборот.

Не очекува бурен период на политичка кампања и тензии пред претстојните локални избори, па советот повикува на максимална одговорност во вршењето на јавните професии.