Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОсуда за оштетувањето на исламски објект во Крива Паланка

Осуда за оштетувањето на исламски објект во Крива Паланка

Денес во Крива Паланка се случи демолирање на верски исламски објект по најавите дека во градот се планира изградба на џамија. Осуда на овој инцидент доаѓа од повеќе страни, а од МВР потенцираа дека работат на пронаоѓање на сторителите. Од ДУИ исто така излегоа со реакција во кој се апелира сите недоразбирања да се решат преку дијалог и институциите на системот. Верската разноликост треба да се смета за богатство во овој регион и тензиите се непотребни, потенцираат од ДУИ.