Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОслободен полицаецот осомничен за помагање на терористите во Дива населба

Ослободен полицаецот осомничен за помагање на терористите во Дива населба

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се откажало од гонење на Африм Сулејмани, полицаецот кој беше осомничен дека бил дел од групата осомничена за тероризам што се судри со припадниците на МВР во кумановската Дива населба. Сулејмани е уапсен на 9 мај и оттогаш беше во притвор, а Обвинителството проценило дека нема доволно докази за да продолжи со гонењето и се откажало од постапката.

Тој бил уапсен во полициска станица во Скопје, откако заедно со неговите роднини е евакуиран од подрум во Диво Насеље каде биле засолнати. Полицијата тогаш ги пуштила неговите најблиски, но него го задржале затоа што сметале дека им помагал на припадниците на кумановската група.

Неколку недели по апсењето во притворот во Шутка му е доставено и решение за престанок на работниот однос во МВР. Сулејмани во изјава за Алсат М вели дека ќе бара повторно да се врати на работа во МВР.

Во дводневните битки загинаа осум полицајци, а 37 беа ранети. Од друга страна, настрадаа десет припадници на криминално-терористичката група, а триесетина ~ се предадоа на полицијата.