Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУбиен полицаец на Шанзелизе, застрелан напачот

Убиен полицаец на Шанзелизе, застрелан напачот

На познатата француска авенија Шанзелизе вечерва имаше пукање во кое загина еден полицаец а друг беше ранет. Напаѓачот беше убиен но се чини дека имало и втор напаѓач, објави француското биро на агенцијата Ројтерс.

Париската префектура им советува на жителите и туристите да не одат во овој дел од градот.

Франција во недела го бира својот нов претседател. Тероризмот е една од главните теми на овие избори, особено по нападите во Париз и Ница за кои одговорност презеде терористичката организација Исламска држава.

Според портпарол на министерството за внатрешни работи, пукањето не е поврзано со кражба како што претходно беше јавено. Напаѓачот или напаѓачите намерно пукале на полициска кола.

Извор: novatv.mk