Saturday, Apr 27, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноУнапреден најчесниот полицаец на светот – Сам си напишал казна

Унапреден најчесниот полицаец на светот – Сам си напишал казна

Најчесниот полицаец на светот живее во Дубаи. Тој бил унапреден откако сам на себе си напишал казна. Абдулах Ебрахим Мохамед, сам на себе си напишал казна откако удрил во паркиран автомобил во Дубаи. За овој чесен потег добил многу пофалби од своите старешини, но и од возачот чиј автомобил го удрил.

Зборувајќи за племенитоста на полицискиот службеник, генерал-мајор Ал Мари во текот на свечената манифестација нагласил дека овој потег ја кренал репутацијата на полицијата во Дубаи.

„Тој самиот на себе си напишал казна и ставил копија од извештајот од несреќата на шофершајбната на удрениот автомобил, чиј сопственик се изненадил кога дошол и видел дека автомобилот му е оштетен”. Полицаецот Мухамед, кој добил унапредување, изјавил дека верува дека ова ќе ги мотивира и него и неговите колеги да работат подобро.
policaec