Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОЈО сеуште собира докази – Нема квалификација на кривичните дела

ОЈО сеуште собира докази – Нема квалификација на кривичните дела

Основното јавно обвинителство соопштува дека е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи за идентификација на учесниците во нередите што се случија во собранието.

Дежурните јавни обвинители редовно се известувани за текот на настаните и даваат насоки за натамошно постапување на полицијата, велат од обвинителството. До овој момент не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела.

Поставувањето на конкретната правна квалификација за секое лице за кое ќе се утврди дека сторило кривично дело ќе биде сторено откако ќе се собере потребниот доказен материјал и по утврдување на фактите. Оттука, како што соопштува основното јавно обвинителство, нема направено никаква преквалификација на кое било кривично дело.