Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОхридско лето и учесниците на фестивалот ќе донираат за погодените места

Охридско лето и учесниците на фестивалот ќе донираат за погодените места

Фестивалот „Охридско лето“ ќе донира средства за настраданото население во поплавите кои го зафатија Скопје се со тоа што приходот од продадените билети од концертите ќе го намени во хуманитарни цели.

Прво ќе настапи пијанистката Нина Костова и гудачкиот квартет Хеншел од Германија, а во недела, 14 август, концерт во рамки на „Охридско лето“ ќе има Државниот камерен оркестар „Академија за солисти” со виолинистот Ајман Мусакајајева од Казахстан и мексиканскиот диригент Хуан Карлос Ломонако.

Цената на билетите за двата концерта, кои ќе се одржат во црквата „Света Софија“ со почеток од 21 часот, изнесува 300 денари.