Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОхрид со „најоригиналниот“ избор на убавина: Мис Змија

Охрид со „најоригиналниот“ избор на убавина: Мис Змија

Во Охрид на 26-ти август ќе се одржи необичен избор на убавина на кој ќе продефилираат девојки од Македонија и Србија. За оваа титула ќе се борат 10 девојки од Македонија и Србија, а најубавата и најзгодната „змија“ ја очекуваат бројни награди.

Организаторите на овој необичен избор на убавина се модното студио Шанел и Гоце Спасевски. Тој во охридската чаршија е познат како Аждер, зошто со години наназад во центарот на градот стои со својот, тајвански тигрест питон, Алфред и со необичниот миленик туристите може да се фотографираат за 100 денари.

-Во Македонија има толку многу избори на убавина, толку убави девојки, што решивме да направиме уште еден уникатен избор – Мис Змија. Самиот збор змија кога ќе се насочи кон одредена девојка може да се протолкува на повеќе начини, како жена – змија, отровна и злобна, но и како девојка со змиско тело, премногу згодна и фатална, објаснува Благоја Стојановски, сопственик на модното студио кое го организира овој необичен избор на мис.