Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОграбена куќа во Гостивар, крадецот побогат за 25.000 евра

Ограбена куќа во Гостивар, крадецот побогат за 25.000 евра

Златен накит во вредност од 25 илјади евра е украден вчера од домот на Е.Р (41). Непознато лице провалило во куќата на улицата „Илинденска“ во Гостивар некаде околу 12 часот и успеало да го отвори сефот и да го одземе сиот накит.

Екипата од ПС – Гостивар извршила увид на местото на настанот при што се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.