Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласОд што зависи хибернацијата на кафеавите мечки?

Од што зависи хибернацијата на кафеавите мечки?

Многу животни зависат од нивните резервни масти како извори за енергија за време на хибернација, за време на миграционите периоди или при други услови кои вклуваат радикални метаболички приспособувања. Едно од најпознатите приспособувања на метаболизмот на мастите се одвива кај кафеавата мечка (гризли) при хибернацијата.

Овие животни остануваат во некативна состојба во период од седум месеци. За разлика од другите хибернатори, мечката ја одржува својата телесна темпереатура помеѓу 32 и 35 целзиусови степени, што е блиску до нормалното (нехибернирачко) ниво. И покрај тоа што троши 25 000 кЈ/ден (6000 kcal/ден), мечката одреден временски период не јаде, не пие и не врши физиолошки потреби.
Sleeping-Bear
Експерименталните испитувања покажуваат дека кафеавата мечка која е хибернатор ги кристи своите резервни масти како извори за енергија. Со оксидација на мастите се добива доволно енергија за одржување на телесната температура, за активна синтеза на аминокиселините и некои други активности, како што е мембранскиот транспорт. Со оксидација на мастите, исто така, се ослободува големо количество на вода.

Ослободениот глицерол што се ослободува од триацилглицеролите се претвара во крвна глукоза со процесот на глуконеогенеза. Уреата која се формира за време на разложување на аминокисленитите се реапсорбира во бубрезите и тука се рециклира, каде амино групата повторно се искористува за синтеза на нови аминокислини за одржување на телесните протеини.

Возрасната глизли мечка консумира околу 35 000 кЈ/ден во доцна пролет и лето, но како што се приближува зимата, таа се храни 20 часа дневно, внесувајќи до 84 000 кЈ/ден. Оваа промена во исхраната е одговор на сезонската промена во хормонската секреција. Од преголемо внесување на јаглехидрати за време на синтеза на масти, се формира големо количество триацилглицероли. Сонливката е друг тип хибернатор, кој исто така акумулира големо количество резервни масти.