Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтлас(Видео) Убавините на Исланд

(Видео) Убавините на Исланд

Исланд е островска држава во северниот дел на Атлантскиот Океан, воедно и најсеверната точка во Европа. Се наоѓа помеѓу Гренланд, Норвешка и Британските острови, а вкупната површина на земјата изнесува 102.819 км. Кон убавината на Исланд допринесуваат и многубројните гејзери и неколкуте активни вулкани кои се атракција за голем број туристи. Поради географската положба, зимата во Исланд трае од октомври до април и во овој период, дневна светлина има само во периодот помеѓу 11 и 15 часот. Во овој период над ненаселените места на Исланд може да се види и магичната поларна светлина.

Погледнете го видеото и ќе дознајете зошто токму Исланд се смета за една од најубавите држави во светот.