Wednesday, Nov 18, 2020
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласВидео: Преку Архус и Мастрихт до еколошка транспарентна информација, претставен проектот ПАМЕТИ

Видео: Преку Архус и Мастрихт до еколошка транспарентна информација, претставен проектот ПАМЕТИ

pameti1

ЗЕОООП во партнерство со Балканска водна мрежа го претставија новиот Проект ПАМЕТИ – Преку Архус и Мастрихт до еколошка транспарентна информација, кој има за цел да ги подигне капацитетите на општинските работници, претставниците на граѓанските организации и Заедниците на станари за Архуската Конвенција.

aleksandra petrovska1

„Во рамките на Проектот ќе се реализираат обуки за Архуската Конвенција за правата од областа на животната средина која е ратификувана од македонското Собрание, формиран е Архус центар во Скопје и истата е целосно транспорирана во Законот за животна средина“, посочи Александра Петровска од ЗЕООП.

natasa dokovska1

Според Наташа Доковска токму сега е од големо значење спроведување на ваков вид на проект за зголемување на едукацијата на засегнатите страни, особено за процесот на носење на одлуки и правото на информираност,  а како пример го наведе решението на Управниот суд за укинување на концесијата за експлоатација на руда во Иловица за што не постоеше доволна информираност на јавноста.

Проектот ќе се спроведува во три општини: Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари.


Проектот  „Преку Архус и Мастрихт до Еколошка Транспарентна Информација” е субгрантиран во рамки на проектот „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, кој е финансиран од Европската Унија, во рамки на ИПА Фонд за граѓанско општество и медиумска програма 2016-2017 година, и се спроведува од страна на Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија во партнерство со ЗИЖС Развојна програма.

Архуската Конвенција претставува најважна светска меѓународна алатка која промовира пристап до информации, јавно учество при донесувањето на одлуки и пристап до правда за прашањата поврзани со животната средина.

Архуската Конвенција го признава правото на секој поединец за здрава животна средина – како и неговата должност да ја заштити истата. Конвенцијата е правно обврзана кон оние држави кои избрале да станат нејзини учесници.

Трите основни прашања кои се регулирани со Конвенцијата се:

1. Правото на физичките и правните лица да бараат информација во врска со животната средина;

2. Право на јавноста да учествува во процесот на донесување на одлуки кои се поврзани со заштитата на животната средина;

3. Право за пристап до правдата во случај кога двете претходни права се повредени, односно не се почитуваат;

Пристап до информации

Според Конвенцијата, пристапот до информациите за животна средина гарантира дека членовите на јавноста може да дознаат штосе случува во животната средина околу нив. Таа исто така гарантира дека јавноста може да учествува на еден информиран начинЦелта на столбот за Учество на јавноста не може да биде ефективно без пристапот до информации, ниту пак без можноста за спроведување преку пристапот до правда, согласно третиот столб.

Одредбите од конвенцијата за учество на јавноста се поделени во три дела според видот на владините процеси и тоа:

-Член 6 го покрива учеството на јавноста во одлучувањето за конкретни активности со потенцијално големо влијание врз животната средина, на пример одлуки за предложена изградба e работење на големи објекти или издавање на дозволи за производи на пазарот

-Член 7 го покрива учеството на јавноста во развивањето на планови, програми и политики поврзани со животната средина

-Член 8 го покрива учеството на јавноста во подготвувањето на закони и регулативи од страна на јавните власти

Право за пристап до правда

За да пристапот до информации и јавното учество во донесувањето одлуки бидат успешни, јавноста мора да се обрати за помош до судот или административносудската постапка. Таквиотмеханизам за преглед овозможува средства за да се оспорат одлуките на властите и да се обезбеди успешна имплементација на Конвенцијата.Член 9 ги содржи одредбите од третиот столб на Коненцијата за пристап до Правда.

Според Конвенцијата пристап до правда значи дека членовите на јавноста имаат правни механизми кои можат да ги користат за да добијат можност за разгледување на потенцијалното кршење на одредбите од пристапо до информации и учество на јавноста.