Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОблаците и денес ќе се задржат

Облаците и денес ќе се задржат

И почетокот на оваа недела ќе биде облачен и дождлив и на поведро и сончево време ќе треба да почекаме. Денес ќе имаме повоолни есенски температури, наутро од 10 до 16 степени, а попладне нешто потопло до 23-от степен на скалата на Целзиус. Со облаците се очекува и локален дожд, но нема најави за невреме или грмотевици, па ниту ветарот нема да прави огромни проблеми. Во Скопје не очекува слично време со температури до 20 степени и умерен ветер.