Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУмерено облачно со повремени сончеви периоди

Умерено облачно со повремени сончеви периоди

Времето денеска ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. На југоисток ветерот краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од четири до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе биде со мала до умерена облачност, а попладне претежно сончево. Дневната ќе се искачи до девет Целзиусови степени.

До петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во поголемиот дел од земјата ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а на запад ќе започнат врнежи од дожд. Во текот на ноќта од сабота кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Во недела претежно во западните и источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а понекаде на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.