Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОбјавувал слики од девојки на порнографски сајтови, МВР му поднесе пријава

Објавувал слики од девојки на порнографски сајтови, МВР му поднесе пријава

МВР поднесе кривична пријава против Ј.К.(35), кој се сомничи дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 став 1 и 2 од Кривичниот Законик на Република Македонија. Тој без согласност ги злоупотребил корисничките податоци од профилите на две женски лица на возраст од 18 и 20 години на социјалната мрежа Facebook, и истите активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нивните лични податоци на интернет.

Ј.К. пристапувал на профилите на оштетените и без нивна согласносот прибавувал фотографии од нивните профили, и ги постирал на web страна која што споделува материјали со порнографска содржина, со што постојат основи на сомнение дека го сторител кривичното дело.

Веднаш по доставувањето на пријавата од страна на оштетените лица до Секторот за Компјутерски Криминал и Дигитална Форензика за злоупотреба на нивните лични податоци превземени се мерки и активности во однос на утврдување на корисникот на профилот на ВЕБ странатата која што споделува материјали со порнографска содржина од кој се поставени сликите и по прибавување на доказите и анализа на истите наведуваат дека корисник е сега пријавениот Ј.К. кој постирал вкупно 68 фотографии (кои не се со порнографска содржина) од двете оштетени лица