Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОбјавен конкурс за идните воени пилоти на Македонија

Објавен конкурс за идните воени пилоти на Македонија

Министерството за одбрана на Република Македонија во средата го објави новиот конкурс за идни пилоти во Армијата на Република Македонија.

– Ги повикуваме сите млади лица до 27 годишна возраст, кои ги исполнуваат општите и посебните критериуми и кои имаат силна мотивираност да бидат дел од воздухопловните сили на Армијата на Република Македонија, да се пријават на Конкурсот, соопштуваат од Министерсвото за одбрана.

Идните потенцијални пилоти ќе имаат можност да се обучуваат во Центарот за обука на пилоти од високо квалификувани професионалци од Израел и Македонија, додаваат од МО.

Сите подетални информации во однос на Конкурсот може да се пронајдат на веб страната на Министерството за одбрана www.morm.gov.mk и на веб страната на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје www.ma.edu.mk.