Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОбама му се закани на Ким Јонг Ун – Со меѓународните партнери ќе наметнува санкции

Обама му се закани на Ким Јонг Ун – Со меѓународните партнери ќе наметнува санкции

Американскиот претседател, Барак Обама ја осуди петтата нуклеарна проба на Северна Кореја и најави дека ќе соработува со партнерите со цел воведување нови санкции за Пјонгјанг. Нуклеарното тестирање на Северна Кореја, како што оцени Обама, претставува „сериозна закана“ за регионалната безбедност и меѓународниот мир.

„САД не ја прифаќаат и никогаш нема да ја прифатат Северна Кореја како нуклеарна држава“, наведе Обама.

Тој истакна дека ќе работи на преземање на значителни чекори, вклучително и нови санкции, за да и ги укаже на Северна Кореја последиците од незаконските и опасни акции. Обама претходно изјави дека провокативните акции на Северна Кореја, од кој било вид, имаат „сериозни последици“.

Од друга страна, државната телевизија на Северна Кореја постојано известува во насока на демонстрирање сила и моќ на државата. Водителката на вестите, како што западните медиуми ја нарекуваат: миленичката на Ким Јонг Ун, вчера на северно-корејскиот народ му соопшти дека Пјонгјанг сега е подготвен да поставува нуклеарни боеви глави во балистички ракети.