Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЕММ ги осуди заканите кон ТВ Шења

СЕММ ги осуди заканите кон ТВ Шења

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска го осуди последниот случај кога екипа на ТВ Шења била попречена во известување за комунални проблеми во општина Чаир од симпатизери на ДУИ и повика на преземање на неопходните мерки за расчистување на ваквите случувања.

„Безбедноста на новинарите мора да биде ослободена од какви било закани и притисоци, а државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување“, велат од Советот за етика.

Оттаму потсетуваат дека ваквата одговорност произлегува и од препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа околу заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери.