Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ ги осудува заканите кон медиумите

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува заканите кон медиумите

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува заканите кон медиумите охрабрени од доаѓањето на власт на Зоран Заев.

„Заканите кон новинарите кои не мислат исто како Зоран Заев кои во последен период се повеќе зачестија, се класичен пример за замолчување на медиумите. ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од ваквите изливи на омраза и закани и ги повикува надлежните органи правовремено да реагираат за расчистување на истите“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата реагира на заканите упатени кон новинарка на медиум, за кој ВМРО-ДПМНЕ вели дека Заев го прогласи за свој непријател.