Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНови случаи на болеста јазлеста кожа во Дебарско

Нови случаи на болеста јазлеста кожа во Дебарско

Во општините Дебар и Центар Жупа потврдени се три случаи на заболени крави од болеста јазлеста кожа, додека за еден случај се уште нема потврда.

Потврдените случаи се по еден во селата Џепиште и Горно Косоврасти, општина Дебар додека третиот случај е во село Горенци општина Центар Жупа. Трите грла се уништени.

Ова го потврди дипломираниот ветеринар Максуд Крлику, матичен ветеринар според кого место за паника нема, бидејќи говедата се имунизирани со соодветна вакцина.

Во двете општини, според надлежните, има околу 2.700 говеда и речиси стопроцентно е реализирана вакцинацијата против болеста јазлеста кожа.