Wednesday, Jun 28, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) Николовски: Сите сточари мора да бидат обештетени!

(Видео) Николовски: Сите сточари мора да бидат обештетени!

sdsm_ljupco_nikolovski

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска порача дека ќе се заложи да бидат обештетени сите сточари кои претрпеа штети од болеста „јазлеста кожа“.

„Првиот чекор заедно го направивме, направивме притисок врз министерот за земјоделство Цветков и врз неодговорната власт и после месеци конечно почна обештетувањето за угинатиот добиток од болеста Јазлеста кожа. Сакам да порачам – тука не застанувам! Заедно со вас ќе инстистирам, сите сточари кои претрпеа штети да бидат обештетени соодветно и без селекција, како што знае да прави оваа власт.

Информациите што ги имам не одат во прилог на тоа. Исплата е направена на мал број сточари и сумата воопшто не е соодвентна. Се пресметува штета само по угинато говедо, а не загубите што ги имаат на млеко и месо“, изјави Николовски.