Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНови контроверзии за смртта на Милошевиќ: го труеле или сам го правел тоа?

Нови контроверзии за смртта на Милошевиќ: го труеле или сам го правел тоа?

Флоренс Артман, поранешна портпаролка на обвинителството во Хаг, истакнала за хрватскиот неделник Express дека поранешниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ, намерно земал лек кој не му одговара, за да му се влоши здравствената состојба, а целта му била да го пуштат да се брани од слобода и да побегне во Русија.
florens-hartmanКако што вели, тој самиот се труел бидејќи долго време го земал лекот „рифампицин“, кој некој му го доставил во ќелијата, рекла таа во интервјуто за загрепски Express. Земајќи го тој лек, како што вели таа, кој се користи за лечење на лепра, Милошевиќ го неутрализирал делувањето на лекот за висок крвен притисок.

„Од тоа лесно можел да умре, но тоа не му била целта, туку само да си ја влоши состојбата. Милошевиќ знаел што зема, бидејќи од тој лек урината добива сина боја и јасно е дека тоа морал да го увиди“, потсетила таа. Според неа, стратегијата на Милошевиќ била да избегне осудувачка пресуда, за да не остане запаметен во историјата како некој кој прикривал геноцид. Артман навела дека управникот на затворот во Шевенинген го предупредил судското Собрание дека има проблем бидејќи не може да ја претресе ќелијата во која се наоѓа Милошевиќ, бидејќи била преуредена во канцеларија.
milosevic-ziv-slobo-01
Зденко Томановиќ, правен соработник на Милошевиќ, за Vecernje Novosti вели дека веднаш по неговата смрт, од истата зграда во Хаг пласирале информации дека се обесил.

„Кога побарав објаснување како така обесен се вратил во кревет, каде бил пронајден мртов, преминаа на тезата дека се убил со труење, а сега дека се труел за да побегне во Русија. Колку гавранот повеќе се пере, толку е поцрн“.

„Дека постои “рифампицин” Милошевиќ прв пат дозна кога во првите денови од март 2006 година утврдивме дека од него криеле информации дека за време на анализата на неговата крв беше установено присуство на тој лек. Тогаш дознавме и дека затворскиот лекар ги известувал надлежните дека Милошевиќ во присуство на чуварот пие препорачани лекови, но дека анализите на крвта, кои се правеле веднаш по земање на лекот, покажуваат контрацепција пониска од неопходната“, изјавил Томановиќ.

Според него, Слободан Милишевиќ тогаш писмено побарал од Русија да спречи негово убиство. Во писмото кое го пишувал рачно, а кое неговиот адвокат го одвел во руската амбасада, меѓу другото пишува: „Мислам дека станува збор за обид за убиство“.
ratko mladic
Меѓу другото, Артман наведува дека во слична состојба е ѝ Ратко Младиќ. „Се завршува судењето и тој сега настојува да се извлече пред изрекувањето на пресудата. Кој вели дека Младиќ ќе преживее? Кој вели дека по тоа со Милошевиќ нема да успее во тоа да го пуштат на лечење во Русија“?

Неговиот адвокат Миодраг Стојановиќ рекол дека оваа споредба е злобна. „Нашето барање да му се одобри да оди на лечење во Москва стои, Трибуналот сè уште не одговорил ништо, бидејќи нема гаранција ни од Русија“.