Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текНова технологија на „Мастеркард“ – плаќање со selfie

Нова технологија на „Мастеркард“ – плаќање со selfie

Наскоро ќе можете да уживате во благодетите кои ги нудат selfie фотографиите во една поинаква свера. На крајот од оваа година „Мастеркард” ќе започне со тестирање на нова технологија на препознавање на лицето како средство за идентификација на личноста која извршила купување.

Овој тип на услуга ќе го тестираат околу 500 луѓе во наредните неколку месеци, а ќе функционира така што сопственикот на картичката ќе набави апликација за телефон и при потврдување на она што го купува ќе направи селфи.

Со оваа предност луѓето ќе бидат во можност да ги заштитат сметките од кражби и да се елиминира потребата од користењето на лозинки.