Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешко повредени малолетници – Струен удар наместо селфи на вагон

Тешко повредени малолетници – Струен удар наместо селфи на вагон

Двајца малолетници во два одвоени случаи вчера биле тешко повредени од струен удар во обид да се фотографираат качени на вагон на Македонски железници, соопшти МВР.

Во дневниот Билтен МВР информира дека вчера во 15:50 часот во Скопје, во депото на Македонски железници, 14-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна со намера да се фотографира. Кога се доближил до електричниот вод, кој е под висок напон, од струен удар добил тешки телесни повреди. Екипа на Итна медицинска помош малолетникот го пренела во Ургентен центар Скопје каде е задржан на понатамошно лекување.

Ист случај е евидентиран од МВР вчера во 19.05 часот во депото на Македонски железници, каде 15-годишник од Скопје се качил на вагон -цистерна со намера да се фотографира. И тој добил тешки телесни повреди од струен удар откако се доближил до електричниот вод под висок напон. Бил пренесен во Ургентен центар Скопје и е задржан на понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случаите.