Wednesday, May 22, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНов протест на вработените од фирмите на Сеад Кочан

Нов протест на вработените од фирмите на Сеад Кочан

Вработени во компанијата „Трансмет“ и во телевизијата „Нова“, како и припадници на Бошњачката заедница денеска повторно протестираат пред Апелацискиот суд во Скопје.Тие со извици „Правда за Кочан“, „Кочан не го даваме“ бараар бизнисменот Сеад Кочан, кој е сопственик на нивните фирми да не оди во притвор.

Алепација вчера го потврди притворот на Кочан, кој е првоосмничен во случајот „Труст“ на СЈО. Тој се сомничи за злоупотреба на службена положба во 2012 година кога бил управител на „Трансмет ДОО“, дека со лажни документи добил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Судот, на барање на СЈО, минатиот четврток му одреди мерката притвор, но Кочан неколку часа претходно ја напушти државата. Бидејќи не е достапен за полицијата, МВР распиша меѓународна потерница по Кочан, а адвокатот Додевски тврди дека неговиот клиент е на службен пат.