Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНоќна рација во Брисел, уапсени 12 лица

Ноќна рација во Брисел, уапсени 12 лица

Во Белгија, после полициска рација во повеќе од 40 домови, биле уапсени 12 лица под сомнение дека планирале нови напади, соопшти канцеларијата на федералниот тужител. Канцеларијата истакнува дека во рамките на големата антитерористичка истрага, која барала „итна интервенција“ 40 лица биле однесени на испрашување, од кои 12 биле уапсени. „Истражниот судија во текот на овој ден ќе одлучи околу нивен потенцијален притвор“, стои во соопштението.

Рациите поминале без инциденти, стои во соопштението и се додава дека до сега не било пронајдено никаво оружје во домовите на претресените лица. Како што пренесе белгиската телевизија „ВТМ“, лицата кои биле уапсени синоќа биле осомничени дека планирале напади во Брисел овој викенд за време на фудбалскиот натпревар на белгиската репрезентација на Европското првенство.