Monday, Jul 6, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаМогерини: Претседателот на Собранието не смее да има партиски и етнички интереси

Могерини: Претседателот на Собранието не смее да има партиски и етнички интереси

mogerini lavrov

Во рамките на првата официјална посета на Брисел на новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери тој се сретнал со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини. Таа, како што соопштија од нејзиниот кабинет, го поздравила изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и истакнала дека тоа е улога која треба да биде над партиските и етничките политики, а во интерес на сите граѓани и заедници.

„Во разговорите, Могерини ја повтори острата осуда на Европска Унија на минатонеделното насилство во Собранието кон пратениците и новинарите. Таа го поздрави изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието од страна на парламентарното мнозинство, истакнувајќи дека тоа е улога која треба да биде над партиските и етничките политики. Европската Унија е подготвена да соработува со него, со Собранието и со сите други институции за спроведување на реформските приоритети, како и за имплементацијата на Договорот од Пржино“- истакнала Могерини.

Таа нагласила дека Европската Унија очекува сите политички партии конструктивно да се вклучат во политичкиот процес, во формирањето на владата, како и во работата на новото Собрание.