Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНимиц доаѓа во дводневна посета во Скопје – потоа оди за Атина

Нимиц доаѓа во дводневна посета во Скопје – потоа оди за Атина

Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, в недела ќе допатува во дводневна посета на Македонија, по што заминува во дводневна посета на Атина.

За време на посетата на Скопје, Нимиц ќе има средби на кои ќе се запознае со ставовите на новата влада во врска со спорот за името. Сепак, не се очекува конкретен резултат од посетата ниту, пак, давање некакви предлози. Главниот фокус ќе биде процесот и како да продолжат преговорите за решавање на спорот.

Ова е прва посета на Нимиц на регионот од јули 2014 година, кога изјави дека очекува напредок во преговорите. Тој неодамна во интервју за грчки весник изјави дека решавањето на спорот за името треба да биде високо поставено на агендата на новата македонска влада.