Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНепослушните деца ќе заработуваат повеќе пари

Непослушните деца ќе заработуваат повеќе пари

Непослушните деца можеби ги полудуваат родителите со нивното однесување, но најновото истражување на Универзитетот од Луксембург покажало дека тие ќе имаат поголеми шанси да заработат повеќе пари од децата кои се „добро“ воспитани и се однесуваат пристојно.

neposlusni deca

Во студијата на психолозите откриено е дека непослушноста и бунтовноста може да бидат многу значајни при справување со авторитетите и пркосот доведува до поголема независност, волја за успех и обезбедување на подобри услови за себе. Токму непослушноста е издвоена како најзначен фактор за заработка на пари, покрај коефициентот на интелегенција, степенот на образование и социјалниот статус на родителите.

Што мислите вие, дали ова е само случајност и дали децата треба да се остават од мали да им пркосат на сите.