Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНеколку уапсени во Амстердам, аеродромот делумно евакуиран

Неколку уапсени во Амстердам, аеродромот делумно евакуиран

Меѓународниот аеродром Амстердам синоќа бил делумно евакуиран откако полицијата е повикана поради сомневање во подметната експлозивна направа, а холандските медиуми пренесуваат дека неколку лица се уапсени.

Експертите за експлозиви прегледале багаж на маж уапсен на аеродромот „Шипхол“ околу 21,30 часот, но не е јасно дали откриле експлозив. Според локалните медиуми, уште две лица се приведени нешто подоцна, а по нив уште четири лица кои биле во возило со белгиски ознаки.

Аеродромот „Шипхол“ на Tweitter објави дека инцидентот не влијаеле на одвивањето на сообраќајот и дека целиот јавен превоз до аеродромот функционира вообичаено.