Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНехумани услови во македонските затвори

Нехумани услови во македонските затвори

Комитетот за спречување тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување на Советот на Европа во извештајот објавен денеска во Стразбур, изразува критики за начинот на кој се третираат затворениците и за затворските услови во КПД Идризово, кој прифаќа 60 отсто од затворените лица во Македонија.

Во извештајот изработен врз основа на посетата на Комитетот на Македонија во декември 2016 година се наведува дека затворските условите забележани во неколку крила во Идризово може да се сметаат за нехумани.

Се наведува дека здравствената заштита во затворот во Идризово е сосема несоодветна и ги става под ризик животите на затворениците.

Во извештајот, исто така, се опишува дека е забележана и голема корупцијата во затворскиот систем и оти може „да се плати“ за сместување во соодветна ќелија или дозвола за отсуство, пристап до лекови, мобилен телефон или употреба на дрога.

Во извештајот се тврди дека постојан проблем е малтретирањето на затвореници, насилството меѓу затворениците, корупцијата и недостатокот на активности за затворениците.