Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНе стивнуваат протестите во Србија веќе шестти ден

Не стивнуваат протестите во Србија веќе шестти ден

“Никој не треба да биде гладен и без покрив над главата“, „Луѓето се гладни, елитата се радувa”, ова се паролите кои младите во Србија, веќе шести ден ги извикуваат по улиците, барајќи оставка на надлежните органи во Државната изборна комисија на Србија, на Радио-телевизија Србија и другите институции кои се директно или индиректно биле вклучени во изборниот процес на претседателските избори на кој победи Александар Вучиќ.

Додека претходните денови протестот започнуваше во 18 часот, вчера се одржаа на пладне. Почетокот на протестниот марш беше пред српската влада. На сите страни се слушаа музика, свирчиња и сирени. На шестиот ден од протестите против диктарурата, денес на младите им се приклучија и армијата и полицијата кои не се незадоволни од материјалниот статус на вработените во безбедносниот сектор.

Граѓаните се незадоволни од резултатите од претседателските избори и од како што велат, дека е водена не фер претседателската кампања.