Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНДП бара да се гласа со отпечаток од прст

НДП бара да се гласа со отпечаток од прст

Национална Демократска Преродба излезе со конкретен предлог за утврдување на идентитетот на гласачите со отпечатоци од прст со што ќе се решат голем број на проблеми.

– Гласањето со отпечаток од прсти по автоматизам ќе ја реши целата проблематика околу изборниот лист, бидејќи тогаш нема да има потреба за понатамошна контрола, и нема да има потреба за избришење од листата. Во овој случај, актуелната изборна листа нема да биде никаков проблем за ниедна политичка партија бидејќи манипулацијата се прави во гласањето, а не колку е бројот на гласачи во изборната листа“ се вели во обраќањето на НДП.

НДП исто така проценува дека лесно ќе се реши и дилемата со избирачкиот список и кој се има право на глас ако се создаде база на гласачи кои ќе бидат идентификувани и нивниот глас нема да биде злоупотребен.

– Изборната листа е значајна само ако не се прифати гласањето со отпечаток од прсти, особено кога станува збор за локални или парламентарни избори. Национална Демократска Преродба бара да и се стави крај на играта со изборните листи и ако четирите политички партии се сериозни во овој правец тогаш треба да го прифатат гласањето со отпечаток од прстите, бараат од НДП.