Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимНавикнете се на живот без кофеин

Навикнете се на живот без кофеин

Доколку денот ви започнува со шоља кафе, тешко е да се промени таа навика. Но, важно е да ја донесете таа одлука за да му направите на организмот голема услуга.

Еве какви промени носи исфрлањето на кофеинот:

Некое време ќе се чувствувате лошо

Умор, главоболка и големи промени во расположението се дел од симптомите кои ќе ги чувствувате првите 8 до 10 дена. Кажете им на луѓето околу себе дека се откажавте од кофеинот, за да ги разберат промените во вашето расположение.

Ќе слабеете

Често, не сме ни свесни колку калории внесуваме консумирајќи пијалаци кои содржат кофеин. Всушност, не е тоа кофеинот, туку шеќерот кој што е додаден во во овие пијалаци, како што се газирани сокови и некои видови кафињата кои се прават во кафулиња.

COFFEE

Или ќе добиете некој килограм повеќе

Додека го конзумираме кофеинот, тој запира апетит, но престанувањето може да ви ја зголеми желбата за храна. Затоа, најдобар избор  е црно кафе без шеќер лишено од сите состојки кои дебелеат.

Подобро ќе спиете и ќе имате повеќе енергија

Сонот може да ви го поремети и кофеинот кој сте го исконзумирале и 6 часа пред спиење. Наутро ќе се разбудите уморни, со желба за уште кофеин за расонување и така ќе се вртите во круг.

Можеби на почетокот при процесот на откажување од кофеин ќе чувствувате умор, но на долги стази ќе бидете одморени и полни со енергија.

Ќе бидете смирени

Кофеинот е стимуланс кој го раздразнува нервниот систеим и поттикнува лачење на адреналин со што стануваме многу подложни на стрес, а тоа носи покачен крвен притисок.