Thursday, Apr 18, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимНауката ја потврди заблудата: Цигарите не ве смируваат, туку ве депримираат

Науката ја потврди заблудата: Цигарите не ве смируваат, туку ве депримираат

Долго време постои една заблуда кај пушачите дека ако запалат цигара во стресни моменти ќе можат да се смират, но научниците по едно долго истражување дошле до сосема различни резултати. Пушачите имаат 70 отсто поголеми шанси да страдаат од депресија и анксиозност, покажува оваа студија. Истражувачите велат дека оставањето на пушењето може да им помогне на луѓето да се борат против овие проблеми и да го подобрат своето ментално здравје.

Откриено е дека ризикот од тие проблеми кај лица кои пред повеќе години го оставиле пушењето не е ништо поголем отколку кај луѓето кои никогаш не пушеле.

Со студијата се опфатени 6.500 лица во период од над 40 години. Откриено е дека 18,3 отсто од пушачите страдаат од депресија и анксиозност, во споредба со десет отсто непушачи и 11,3 поранешни пушачи.

Во последната група се вбројувале лица кои не запалиле цигара подолго од една година.

Експертите велат дека е заблуда оти цигарите смируваат.

– Нашата студија покажа дека оставањето на пушењето го подобрува не само физичкото, туку и менталното здравје, вели водачот на студијата Роберт Вест, професор по психологија на Универзитетот во Лондон.

Пушачите мислат дека пушењето ги смирува, но тоа всушност ја зголемува анксиозноста и напнатоста. Кога ќе запалат цигара, тие всушност привремено го блокираат стресот предизвикан од недостиг на никотин во организмот, што го мешаат со вистинско опуштање.