Wednesday, May 27, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаУчениците и професорите под стрес – Ќе има или не екстерно тестирање?

Учениците и професорите под стрес – Ќе има или не екстерно тестирање?

eksterno testiranje

Екстерното тестирање кое беше на големо критикувано, повторно ги држи под стрес и професорите и учениците. Роковите течат. Државниот испитен центар вчера објави 450 илјади прашања за екстерното тестирање кое треба да се одржи од 5 до 9 јуни, но веќе денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека укинувањето на екстерното, едно од неговите ветувања во изборната кампања, ќе биде веднаш реализирано.

„Многу родители, многу наставници, многу деца чекаат да го укинеме екстерното тестирање, заради тоа што тоа е на крајот на мај или на почетокот на јуни, за да бидат начисто, оти и психолошки делува, верувам и на целиот образовен процес при финишот на учебната година“, рече Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Заев во четвртокот кажа дека очекува да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов на почетокот на следната недела за да му ги даде гаранциите за мандатот за состав на влада и дека до крајот на месецов ќе се формира владата.

Во меѓувреме, процедурите си течат. Од Државниот испитен центар велат дека учениците, наставниците, но и родителите доколку имаат забелешки за прашањата ќе можат да дадат свој коментар на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk до 15 мај. Дали екстерното ќе се реализира и како учениците ќе се запишат во средните училишта или на факултетите, останува да видиме.