Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимНаучниците открија лек за мамурлак кој е природен и безбеден

Научниците открија лек за мамурлак кој е природен и безбеден

Голем број на функционални алкохоличари го лечат мамурлакот со лекови или пак со дроги за кревање за да може да ги поднесат обврските во текот на денот. Сега, да не се разбереме погрешно, нашата цел не е да пропагираме користење на пороци, но доколку ви случи некој викенд малку да претерате со алкохолот, еве еден нов метод за лечење на мамурлак кој е природен и безбеден.

Научниците подолго време го истражувале влијанието на крушите и дошле до заклучок дека нивните хранливи состојки се идеални за справување со главоболките од мамурлакот и тегобите во организмот. Трикот е да се напиете барем една чаша чист сок од круши пред да започнете со алкохолните авантури.

Ензимите во крушата го апсорбираат алкохолот и ги спречуваат штетните влијанија врз организмот. Затоа уште еднаш ќе кажеме бидете внимателни и пијте со мерка.