Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНационализмот не помина ниту во Источна, ниту во Западна Македонија, оцени Заев

Национализмот не помина ниту во Источна, ниту во Западна Македонија, оцени Заев

Времето на национализмот завршува. Тоа го покажаа резултатите од вчерашните локални избори. Граѓаните ја испратија пораката. Опозицијата треба да ги промени политиките кои ги спроведуваше во последните неколку месеци, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Национализмот, рече премиерот, не помина ниту во источна ниту во западна Македонија. Пораката од граѓаните стаса до нас, а се надевам и до опозицијата.

– Изборите беа потврда за добри кандидати, а граѓаните дадоа поддршка на дебатата за тоа во кој правец ќе се движи државата. Пораката дојде до нас како потврда за нашите политики. Овие избори нека бидат крај на целиот национализам во државава. Граѓаните имаа избор на слободни и демократски избори да кажат во кој правец сакаат да се движи нашата држава. Видовме дека не помина национализмот ниту во источна, ниту во западна Македонија. Пораката ја пратија граѓаните, кои се најмудрите политичари. Мора да се почитуваат овие политики, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по средбата со црногорскиот колега Душко Маровиќ.

Ја повикува опозиција да ги промени нејзините политиките кои, како што рече, ги водела во изминатиот период и на заедничка соработка во парламентот и другите институции. Нема намера, рече, да се меша во нивната внатрешна политика. Но, рече, потребна е силна опозиција и соработка со неа во интерес на граѓаните и за прашањата кои претстојат во иднина.