НАТО го подржа новиот спикер на собранието
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенебрег денеска испрати соопштение во кое ги осудува вчерашните настани и вели дека изборот на новиот спикер на Собранието е позитивен чекор.
“Остро ги осудувам вчерашните напади на членови на Парламентот во Скопје. Насилството нема место во ниту еден Парламент. Ги повикувам сите политички актери да останат мирни, да покажат воздржаност и респект кон демократските процеси. Политичкиот дијалог е единствен рационален и соодветен начин да се оди напред и е во интерес на сите граѓани.
Мнозинството во парламентот избра нов претседател. Тоа е позитивен чекор во насока на разрешување на актуелниот политички ќорсокак. Демократските процеси мора да бидат почитувани. Властите имаат суштинска одговорност да го одржат владеењето на правото и да обезбедат безбедност на Парламентот и на неговите членови во секое време. Акти на насилство какви што видовме вчера не смее да се дозволи да се случат повторно”, вели првиот човек на НАТО.(Макфакс)