Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНапредува изградбата на новото барокно седиште на скопски „Водовод“

Напредува изградбата на новото барокно седиште на скопски „Водовод“

Новото барокно седиште на ЈП „Водовод и канализација“ под тврдината Кале се гради со забрзано темпо и покрај ниските температури. До сега се монтирани лифтовите, а при крај е поставувањето на систем за климатизација, додека привршува поставувањето и на внатрешните инсталации. Со вакво темпо зградата се очекува да биде готова до почетокот на месец мај догодина.

Новата зграда на ЈП „Водовод и канализација“ беше проектирана како дел од „Скопје 2014“, а истата започна да се гради пред четири години. Но, поради проблеми со изведувачот, објектот не беше изграден во предвидениот рок од три години. Поради банкрот на првоизбраниот изведувач „Алпине бау“, целиот проект задоцни. Претпријатието беше принудено да распише нов тендер и ја избра фирмата „Алдинг инжинеринг“ да ја догради зградата.

Според проектот објектот ќе биде со пет ката плус потпокрив, како и подземен паркинг на три нивоа кој ќе има капацитет за 115 возила. Фасадата на зградата ќе биде, секако во барок стил, а се гради по идејно решение на Жарко Чаушевски, кој е автор на десетина содржини од „Скопје 2014“.
Првичната најава беше дека објектот ќе чини 10 милиони евра.