Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов спаси 95 објекти од барок

Шилегов спаси 95 објекти од барок

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ја запре изградбата на барокните фасади на објекти во центарот на Скопје, чија изведба ја почна претходното раководство на Град Скопје.

Стопирана е изградбата на 95 фасади кои требаше да добијат нов барокен лик за да се вклопат во амбиентот на „Скопје 2014“ во центарот на градот.

Шилегов за „Сакам да кажам“ изјавил дека меѓу стопираните објекти се и зградата на „Пелагонија“ и онаа на ТЦ „Палома бјанка“, на кои веќе се одвиваат градежни работи.

– Дадов усна наредба да се стопираат сите фасади. Станува збор за 95 објекти. За оваа намена биле предвидени околу 90 милиони денари (околу 1,4 милиони евра), пари од граѓаните кои ќе бидат заштедени – изјавил Шилегов.

Покрај фасадите, Шилегов ја сопре и изградбата на панорамското тркало на реката Вардар, во центарот на Скопје.

Инаку, Советот на Град Скопје денеска ја одржа првата седница по локалните избори, на кои беа избрани нови градоначалници и членови на општинските совети. На седницата беа верификувани мандатите на советниците на Советот на Град Скопје од локалните избори и за нов претседател на Советот беше избрана Љубица Јанчева.