Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНападнато познато тетовско кафуле со молотов коктел

Нападнато познато тетовско кафуле со молотов коктел

Ноќеска во 4 часот по полноќ тетовското кафуле Баркод било мета на напаѓачи кои, според информациите од полицијата од Тетово, непознато лице фрлило молотов коктел кој завршил во излогот, па потоа паднал на бекатонска подлога.

Материјалната штета е минимална, а повредени лица нема, при што молотовиот коктел на местото на нападот бил изгаснат од случаен минувач. СВР Тетово работи расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.