Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНапад со нож во Лондон: Една жена загина, петмина повредени

Напад со нож во Лондон: Една жена загина, петмина повредени

Една жена загина синоќа, а пет лица се повредени при напад со нож на лондонскиот Расел сквер, јавува „Би-би-си“. Полицијата синоќа околу 22.30 часот добила дојава дека маж со нож избодел неколку лица. Полицијата веднаш интервенирала и со помош на електричен пиштол успеала да го совлада напаѓачот.

Како што јавуваат британските медиуми, итната медицинска помош на местото на инцидентот регистрирала шест повредени, но 60-годишната жена подоцна им подлегнала на повредите. Засега не се откриваат повеќе детали за здравствената состојба на другите повредени. Полицијата не ја отфрла можноста дека станува збор за терористички напад.

– Едно од можните објаснувања што се разгледуваат во оваа фаза, е дека станува збор за тероризам – изјави портпаролот на лондонската полиција.

По инцидентот, полицијата испратила дополнителни единици за обезбедување во квартот Блумсбери, каде се наоѓаат Британскиот музеј, Лондонскиот универзитет и бројни други образовни институции, музеи, хотели и ресторани.