Thursday, May 2, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмНајштедлива убавица – Има милиони, а живее со 5 цимери

Најштедлива убавица – Има милиони, а живее со 5 цимери

Штедливата убавица Марго Роби има милиони, а живее со своето момче, режисерот Том Акерлеј и со четири цимери во изнајмен стан во Лондон. Холивдуската убавица тврди дека тоа сосема ѝ одговара.

„Глупаво ми е непотребно да се трошат парите на нешто што не ми треба. Живеам во изнајмен стан со момчето и со уште четири цимери, бидејќи сè уште не размислувам за купување сопствена недвижност. Всушност, сега сме помалку. Ние двајца до неодамна живееме со седум цимери. Го сакам животот со многу луѓе, ме потсетува на куќата во која пораснав“ рекла 26годишната, Марго Роби чие богатство се проценува на речиси 11 милиони долари.
margo robi
Актерката се прослави со улогата во филмот „Волкот од Волстрит“, а ќе ја игра Џејн во „Легендата за Тарзан“.
„Трошам мошне малку пари. Всушност, идејата за тоа да трошам многу пари ме прави многу анксиозна. Го сметам лудо трошењето на големи количини пари на нешто што, всушност, не ви треба. Многу сум штедлива“ – рекла Марго.